Течат градежните активности за енергетска обнова на градинката „Весели Цветови”, објект „Сончоглед” во општина Кисела Вода.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, се работи за замена на фасадата со нова, термоенергетска, со што, дечињата кои тука го поминуваат работниот ден ќе добијат подобрени услови. Средствата за реализација на овој проект во висина од преку 4 милиони денари, се донација од Цементарница Усје АД Скопје, обезбедена преку Секторот за локален економски развој на Општина Кисела Вода. Паралелно, веќе тече тендерската постапка за избор на изведувач за замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати во овој објект. Овие средства, пак, се добиени од Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година. Се работи за износ во висина од 1. 781.552, 00 денари.
Објектот „Сончоглед” е изграден во 1974 година.