ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор

August 11, 2021 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор на просторите на поранешна Југославија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

-Ако ги споредиме сите мировни договори во регионот во последните 20, 30 години, единствениот договор кој се исполни во целост, во својот легислативен дел, односно во нормативниот дел,  во делот на законите кои произлегуваат од самиот договор. Овој договор е јасно најуспешен и тоа се покажува во секојдневниот живот. Преку трансформација на оваа држава од држава во која рамката беше поставена за да прифати една етничка заедница во оваа функционална мултиетничка демократија во која живееме сега, која станува пример прво дека во регионот можни се мултиетнички функционални демократии и пример како да се решаваат сличните прашања, не само во регионот, туку и пошироко, нагласи Османи.

Додаде дека е горд што бил дел од една организицаија, која учествувала во создавањето и имплементирањето на договорот. Според него, духот што го наметна Рамковниот договор никогаш нема да престане.

-Тоа што го бара Рамковниот договор, а тоа е државата да озвоможи инклузивност и можност за сите граѓани да работат и да живеат во неа, тоа никогаш нема да престане. Се додека ќе постои оваа држава, ќе постои и духот на Рамковниот договор, рече Османи. Посочи дека законите кои требаше да се донесат, беа донесени во овој период, заклучно со Законот за употреба на јазиците.

Прашан за внатрешно раселените лица од конфликтот во 2001 година и нивниот сататус, Османи изјави дека има многу социјални прашања на кои, како што рече, беа изложени граѓаните, од која било етничка заедница, независно во која позиција беа за време на конфликтот.

-Важна компонента на Рамковниот договор беше нивно социјално интегрирање, ресоцијализирање и подобрување на нивните животни услови. Ова прашање е многу важно и досега е многу направено, но останува да се направи уште повеќе, смета Османи.

Прашан за одбележувањето на 20-годишнината на Рамковниот договор, Османи рече дека ако здравствените власти сметаат дека во одреден период може да се одржуваат собири, тоа може да се направи, почитувајќи ги сите протоколи. Доколку Комисијата за заразни болести, пак, смета дека треба да се спречи одржувањето собири, тоа мора да се почитува. Според него, политичарите и политичките партии не треба да постапуваат поинаку и треба сите да бидеме повнимателни./МИА/.

Next Post

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 14.928 вакцини

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk