Со огромно жалење ја примив веста за заминувањето на една од нашите најпознати актерки и доајен на театарската уметност во земјава. Сабина Ајрула Тозија си замина од сцената, оставајќи маркантни траги на театарската сцена кои се инспирација за сите генерации после неа, пишува на профилите на премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи.
„За оставеното вредно наследство, остварено и пренесено преку многубројни филмски и театарски ролји, ние ѝ должиме вечен аплауз и длабок поклон за нејзината топла душа, кој беше најзиниот артистички оган со кој им вдахна животворен дух на стотина театарски, филмски и телевизиски ликови, кои ќе останат засекогаш запаметени“, пишува Заев.





