ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовиран проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“

August 12, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, којшто по повод 12 август – Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на шефот на државата.

Посочувајќи дека целта на денешниот настан е да се поврзат работодавачите и младите лица кои се во потрага по можности за кариерен развој, Пендаровски изрази уверување дека проектот ќе придонесе за професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции, прилагодени на потребите на пазарот на трудот.

– Успехот на предвидените активности секако зависи и од тоа колку младите ќе бидат проактивни, трагајќи по можности за стекнување знаење и вештини, но и од тоа колку корпоративниот сектор и граѓанските организации ќе ја препознаат оваа добра можност и ќе се здобијат со вреден човечки капитал со потенцијал соодветно да одговори на нивните потреби и барања, рече Пендаровски.

Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија и Младинската група, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје и од Кабинетот на претседателот.

– Апсолутно сум убеден дека со заеднички напори на сите надлежни општествени субјекти можеме да помогнеме во отворањето на нови можности и создавањето на позитивна атмосфера, со цел, младите да станат активен дел од важните општествени процеси. Заеднички да се обидеме да се оттргнеме од летаргијата, апатијата, демотивираноста и да отвориме нови перспективи, простор за нови идеи преку кои ќе ја канализираме младинската енергија, додаде Пендаровски во обраќањето.

На настанот учествуваа околу 20 претставници од компании вклучени во програмата за практикантство во рамки на проектот МладиХаб и околу 30 млади лица.

– Преку нашиот проект со Канцеларијата на Претседателот и Националниот младински совет ќе се обучуваат и менторираат млади луѓе како да основаат свои бизниси и ќе соработуваат со приватниот сектор и граѓанското општество за создавање на партнерства. Овие партнерства ќе создадат можности за младите луѓе да стекнат корисно работно искуство од компаниите и граѓанското општество, рече Доминик Отвеј, вршител на должност во Британската амбасада во Скопје.

Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Марија Крстевска нагласи дека годинава фокусот им е на градењето компетенции на младите.

– Се уште посветени на нашата мисија и водени од фактот што еден од најчестите предизвици при вработување за младите е недостигот на работно искуство, оваа година работиме на градење на компетенции на младите. Проектот опфаќа практикантство, менторство, обуки за претприемништво и канцеларии во повеќе градови со цел да ги доближиме програмите за вработување, обука и дообука на младите, заклучи Крстевска.

Next Post

(ВИДЕО) Реакцијата на мало дете на пресвртот во омилениот цртан филм

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, Инстаграм профил на Вучиќ

(ВИДЕО) Вучиќ ги повика студентите на јавна дебата „пред сите медиуми“

August 22, 2025

Нето-платата во јуни 45 468 денари

August 22, 2025

СДСМ: Мицкоски со „владините повереници“ сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сојузници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk