ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борел и Гир: Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ

August 13, 2021 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пред 20 години Северна Македонија заедно со поддршката на ЕУ и меѓународните медијатори храбро избра компромис и одговорност. На нашиот континент, национализмот и етничките судири пречесто се користат за да се прават поделби и да се сее омраза, меѓутоа плурализмот е богатство и сила. Мотото на ЕУ е обединети во различностите, а со договорот токму денеска го одбележуваме лидерството на оваа земја која избра мир како најдобар начин за справување со различностите и водење дијалог, изјави потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во видеопораката до учесниците на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

Според него, денес сите прашања во земјава се решаваат во јавна дебата и со преговори, постои правичната застапеност во институциите и високите служби, а постои и простор за уште подобрување, како што е поголемо учество на немнозинските заедници во земјата или во образовниот сектор.

Рамковниот договор, додаде Борел, носи придобивки за сите граѓани на оваа земја без оглед на нивната етничка припадност. Тие можат да доаѓаат од различни заедници, меѓутоа оваа земја е нивниот заеднички дом. Ние мора да осигуриме тие да можат да ги остварат своите соништа да живеат во мир, хармонија и просперитет.

-Овој договор и помогна на Северна Македонија да тргне напред на патот кон евроатланстскиот сон и мислам дека тоа може да придонесе кон успехот на овој Договор и да помогне за негово спроведување особено во секретаријатот како и децентрализацијата и реформите во полицијата. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува демократските процеси и економскиот развој на Северна Македонија додека земјата напредува во своетоте движење кон ЕУ. Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ, порача шефот на европската дипломатија Борел.

Според шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, Рамковниот договор беше европско решение, беа потребни компромиси, процесот беше тежок, но успешен. Многу други држави, рече тој, избирале друг пат што доведувал до катастрофи.

-ЕУ беше сведок на Рамковниот договор и даде значајна помош за негова импелементација и за поддршка на демократските процеси. Треба да се гледа напред и да градиме заедничка иднина. Процесот на реформи не треба да се враќа назад, се соочуваме и со нови предизвици кои порано не можеа да се замислат. Во градењето социјална хармонија и напредок треба да се вклучат Собранието, локалните власти, граѓанското општество… Треба да продолжат и напорите за зајакнување на правата на помалите заедници. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и граѓаните, и да гледа на нив како на идна членка и идни граѓани на Унијата, посочи евроамбасадорот Гир.

Next Post

Заев: Охридскиот рамковен договор испрати порака за меѓусебно разбирање, извинување и простување (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk