ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фејт: Охридскиот рамковен договор е огромно политичко постигнување, сега навистина постои темел за вртење нова страница

August 13, 2021 14:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западниот Балкан е регион од стратешка важност за НАТО, кон кој што остануваме посветени да обезбедиме сигурност, безбедност и стабилност. НАТО ќе продолжи со политичкиот дијалог и практична соработка со земјите од регионот за поддршка на напорите за реформи и промоција на регионалниот мир и безбедност, изјави во своето видео обраќање заменикот помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џејмс Апатурај, во рамки на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор.

– Во име на НАТО би сакал искрено да им честитам на луѓето од Северна Македонија на прославата на овој клучен момент во вашата историја. Охридскиот рамковен договор е огромно политичко постигнување. Тоа не само што обезбеди безбедна иднина за македонската демократија, туку исто така, го изгради и патот до потесна регионална соработка и подобри односи во Западен Балкан, изјави Апатурај.

Членствово на Северна Македонија во НАТО, посочи Апатурај, е големо постигнување и за земјата и за НАТО.

– За НАТО го покажува успехот на нашата полтика на отворени врати, а за Северна Македонија покажува дека посветеноста, на крајот секогаш носи резултати, изјави Апатурај.

Поранешниот претставник на НАТО, Питер Фејт, во своето обраќање на конференцијата порача дека Охридскиот рамковен договор е прилично уникатен и дека за неговата одрживост од големо значење била посветеноста на реформите во насока на неговото имплементирање.

– Доколку ги погледнеме првите заеднички цели, кои беа да сопре насилството, да се избегне ширење на конфликтот во регионот и да се спречи мизеријата на населението засегнато од насилствата, мислам дека времето на спроведување на акциите и интервенциите беше успешно и би сакал навистина да оддадам лична почит на храброста и лидерството на починатиот претседател Борис Трајковски и неговиот тим, во кој како што знаеме беа вклучени и некои што денеска се токму на највисоката позиција во земјата – Стево Пендаровски, изјави Фејт.

Охридскиот рамковен договор, посочи Фејт, сега се споменува во преамбулата на Уставот на Северна Македонија.

– Со амандманите на Законот за употребата на јазиците ние сега сме кон заокружувањето на имплементацијата на овој договор. Мислам дека ова е фантастичен резултат и тоа дава содржина на оваа прослава, истакна Фејт.

Во однос на помирувањето и одбележувањето 20 години од потпишувањето на договорот, Фејт посочи дека неговото прашање, би било дали било и се уште е остварено помирувањето.

– Ова е процес за кој што е потребно долго време. Тука гледам дека постои општа подготвеност во насока на толеранција и напуштање на нетолеранцијата, преодна правда и трпелива работа во насока на подобра иднина на Северна Македонија, изјави Фејт.

Во Северна Македонија, нагласи Фејт, можам да констатирам дека навистина постои темел за постигнување на помирување и вртење нова страница.

Next Post

Османи: Северна Македонија прераснува во единствената функционална мултиетничка демократија во регионот

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Северна Македонија со стратешки избор, но потребни се брзи реформи и уставни измени

November 4, 2025
фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk