Фолк пејачката Ирена Спасовска, која е член во Управниот одбор во Здружение на естрадни уметници на Македонија, ЗЕУМ, и која ги иницираше преговорите со Владата за добивање на помош уште лани, за ,,Фокус” вели дека упатува благодарност до Владата, посебно до заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, до министерот Оливер Спасовски и до координаторот Роберт Алаѓозовски, бидејќи имале слух за барањата на музичарите.
Повеќе од 372 илјади евра деновиве завршија на сметките на наши естрадни уметници кои беа погодени од корона кризата. Владата им додели по 30.750 денари на 745 естрадни уметници, кои ги исполнувале критериумите, а на јавниот повик се пријавиле дури 1.633 лица.
Спасовска вели дека е горда што е првата од естрада која успеала да го стави проблемот на маса, и да испреговара за добивањето на финансиската помош за околу 70 музичари уште минатата година. Вели дека тогаш заедно со колегите Горјан Стојановски, кој е претседател на ЗЕУМ и Душко Георгиевски направиле селекција на еминентни музички имиња, и Алаѓозовски и Спасовски покажале волја за решавање на проблемите на естрадните работници.
За помошта од по околу 500 евра, која минатата недела им беше исплатена на музичарите, вели дека доаѓа во време кога веќе настапуваат, но била наменета за оние месеци, во кои немаа настапи и претрпеле големи загуби.
Целиот текст од „Фокус“, ТУКА.