ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Шеикот на Дубаи не рекол дека дедо му јавал камила, тој вози Мерцедес, а правнукот повторно ќе јава камила

August 13, 2021 23:01
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Шеикот Мухамед Бин Рашид Ал Мактум никогаш не изјави вакво нешто, иако погрешно атрибуираната наводна изјава е широко распространета во светски рамки, кај голем број корисници на социјалните мрежи во различни говорни подрачја, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека основачот на Дубаи, шеикот Мухамед Бин Рашид Ал Мактум, бил запрашан како ја гледа иднината на својата земја, а тој одговорил:

Мојот дедо јавал камила, татко ми, исто така, јас возам мерцедес, мојот син Ленд Ровер, мојот внук, исто така, ќе се вози во Ленд Ровер, и мојот пра-внук, најверојатно, ќе јава камила повторно …

Според постот, слушателите вџашени, го прашале зошто, а шеикот одговорил:

Постојат некои принципи кои секогаш и сѐ поставуваат на свое место. Еве за што се работи: Тешките времиња создаваат јаки мажи, јаките мажи ствараат добри времиња, добрите времиња создаваат слаби мажи, слабите мажи создаваат тешки времиња. Многумина ова нема да го разберат, но просперитетот на нашата земја произведува паразити, а не воини.

Што е проблемот со овој статус? Тоа што шеикот Мухамед Бин Рашид Ал Мактум никогаш не изјавил вакво нешто, иако погрешно атрибуираната наводна изјава е широко распространета во светски рамки, кај голем број корисници на социјалните мрежи во различни говорни подрачја.
Во некои од тие Фејсбук постови кои се споделени илјадници пати, се тврди дека шеикот оваа изјава ја дал во интервју за британскиот сервис „Би Би Си“ во 2014 година.

Милијардерот шеик Мухамед, е познат по неговата вклученост во глобалната индустрија со тркање со коњи и е сопственик на еден од најголемите тимови Годолфин.

Наводната изјава на шеикот циркулира на Фејсбук од Јапонија до Бангладеш.

Но, во секој случај, станува збор за лажна атрибуција. Шеикот Мухамед не дал коментари дека неговиот иден внук ќе биде на камила, во интервју за „Би Би Си“.

Во тоа интервју, кое може да го погледнете на следниот линк, во 3 минута и 36 секунда се гледа дека прашањата се во опсегот на човековите права во Дубаи, скандал со тренерите на коњи на шеикот и финансиското закрепнување на Дубаи по должничката криза.

Кога е прашан за неговата визија за иднината на Дубаи, одговорот на шеикот не е воопшто таков како што се тврди во постот што го рецензираме. На 3 минута и 36 секунда во горепосоченото видео, се гледа дека тој вели дека сака Дубаи да биде број еден.

Но, ако сме живи за 20 години, не можам да видам што би возеле. Мојата визија за Дубаи е да биде број еден и најсреќната нација. Сето тоа. Знаете дека сакаме да сме први, вели тој.

Инаку, сличен цитат на ,,тешките времиња креираат силни мажи, силните мажи креираат лесни времиња” може да се најде во новелата на Г. Михаел Хопф, ,,Оние кои остануваат”. Цитатот од книгата гласи „Тешките времиња создаваат силни мажи, силните мажи создаваат добри времиња, добрите времиња создаваат слаби мажи и слабите мажи создаваат тешки времиња”.

Сличен цитат на „Татко ми беше на камила, јас во Мерцедес, син ми во Ленд Ровер” претходно му е атрибуирана на таткото на шеикот Мухамед, Рашид бин Саед ал Мактум.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека постот е невистинит, , пишува „Вистиномер“.

извор: МЕТА.мк

Next Post

Заев е секогаш со народот, денес во Скопје зборуваше за соживот, дезертер е Мицкоски кој побегна од настанот

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk