ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Нагло расте бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19

August 14, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте и дека во следните недели ситуацијата може да биде критична. Сепак, тој уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Потенцира дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, а како факт посочува дека само десет проценти од вкупно 3497 новодијагностицирани во последата седмица се вакцинирани со една или со двете дози вакцина против Ковид.

-Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата во последните денови нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со која што бројот се зголемува можеме да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична, рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од Ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.

Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти има посебно во неколку градови како што се Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово…

-Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри. Системот е спремен, лекарите во тимовите за ротација. Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран, рече Филипче.

Според него, анализата покажува дека посебно е голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што прилично е мал опфатот со вакцинацијата односно е околу 20 до 23 проценти. Во Охрид, опфатот со вакцианција е 50 проценти и во моментот има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

-Во разговорот со директорите костатиравме дека е мал бројот на пациенти кои се јавуваат на преглед и кои имаат индикација за тестирање. Од вкупно 3497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена 3047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти се вакцинирани и се позитивни и тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, рече Филипче.

Дополнително, вели, охрабрува тоа што од вупниот број вакцинирани во земјава, од околу 400.000 ревакцинирани и околу 500 илјади со прва доза, само 0, 002 проценти се заразиле.

-Ова укажува дека само оваа популација е прилично сигурна и обезбедена. Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, дека тие граѓани немаат никакви компликации, истакна Филипче.

Next Post

(ВИДЕО) Освен вакцинираните, во угостителски објекти ќе може да влезат и прележаните од Ковид заболени во рок не подолг од 45 дена

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk