Најмладата добитничка на Нобелова награда, Малала Јусафзаи, преку својот твитер профил ги повикува глобалните и регионалните сили да интервенираат во Авганистан. Таа пишува дека во целосен шок гледаат како Талибанците ја преземаат контролата над Авганистан.
„Во целосен шок гледаме како Талибанците ја преземаат контролата над Авганистан. Длабоко сум загрижена за жените, малцинствата и застапниците за човекови права. Глобалните, регионалните и локалните сили мора да повикаат на итен прекин на огнот, да обезбедат итна хуманитарна помош и да ги заштитат бегалците и цивилите.“, напиша нобеловката Малала.
We watch in complete shock as Taliban takes control of Afghanistan. I am deeply worried about women, minorities and human rights advocates. Global, regional and local powers must call for an immediate ceasefire, provide urgent humanitarian aid and protect refugees and civilians.
— Malala (@Malala) August 15, 2021
Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, информира агенцијата ТАСС.
Малала, е активистка за женско образование и најмлад лауреат на Нобеловата награда. Таа се бори за човекови права, особено за образованието на жени и деца во родниот Пакистан, каде локалните Талибанци им забрануваа на девојчиња да одат на училиште. Нејзиниото активизам прерасна во меѓународно движење, а според поранешниот пакистански премиер Шахид Какан Абаби, таа стана „најистакнатиот граѓанин“ на земјата.
Во октомври 2014 година, Малала беше прогласена за ко-добитник на Нобеловата награда за мир за нејзината борба против сузбивањето на децата и младите и за правото на сите деца на образование. Откако ја доби наградата на 17-годишна возраст, Малала е најмладиот нобеловец. Таа ја подели наградата со Каилаш Сатјарти, активист за детски права од Индија.
Ј. Ѓорѓиоски