ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четири активни пожари во земјава, три ставени под контрола

August 16, 2021 10:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште се активни пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско. Под контрола се ставени три пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според известувањето од ПС Сарај што ЦУК го добило во 6:30 часот, дел од пожарот во село Раовиќ – село Буковиќ е локализиран во текот на вчерашниот ден, но на потегот село Букович – село Чајлане кон Матка се уште е активен.

Активен е пожарот и во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица. Гори кракот од село Ракле – село Крстец и се проширува кон местото викано Фаришки Лозја. Пожарот е активен на тешко достапен терен. На терен, како што посочуваат од ЦУК, се уште нема испратено екипи.

Пожарот кај село Безгаштео, беровско, кој е симнат над село Нивичино е се уште активен, а екипите на ТППЕ Струмица синоќа се вратени во 24:00 часот. Од ЦУК велат дека се работи за непристапен терен на кој не можат да интервенираат.

– ШС-Берово известува дека пожарот кој избувнал во текот на вчерашниот ден околу 16:30 часот, на место викано „Безгаштево“ по привични сознанија тврдат дека е на територијата на општина Струмица. Во 07:00 часот ,од ШС Берово една екипа е упатена кон местото на пожарот. Повеќе информации ќе се добијат во текот на денот, информираат од ЦУК.

Во Демир Капија – Неготино, пожарот во атарот на село Барово во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола. До заминување на екипите од теренот во внатрешноста на опожареното подрачје постоеле некои места каде се забележувало задимување. Утрово на опожареното подрачје ќе се упатат шест вработени од ШС Демир Капија.

Пожарот кај село Горно Мелничани општина Центар Жупа е ставен под контрола. Екипите од ТППЕ-Дебар и од шумското стопанство и денеска ќе го контролираат теренот кој беше зафатен од пожарот.

За пожарот кај село Црвена Вода, ЦУК добиле известување дека е под контрола./МИА/.

Next Post

МВР: Прифатниот центар за странци нема никаква врска со мигрантите, за таа намена функционираат два транзитните центра во Гевгелија и Табановце

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk