ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЦУК: Активни три пожари

August 17, 2021 11:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов има три активни пожари – кај селото Раовиќ, во Општина Сарај, во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп и нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко, информираше на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.

– Пожарот кај селото Раовиќ, Општина Сарај е сè уште активен и утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а исто така чадење се гледа, но со помал интензитет кај Осој, на линијата помеѓу селата Буковиќ, спрема Чајлане. Во текот на вчерашниот ден на негово гаснење се интервенираше од воздух со два армиски хеликоптери, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, кој е на непристапен терен, утрово е со многу слаб интензитет.

– Се работи за приземен пожар, каде гори лисната постилка и сува трева. Засега нема опасност од проширување или загрозување на населени места или објекти. Рано утрово на терен е испратена екипа од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп за да се увиди каква е точно состојбата со овој пожар, информира Вчкова.

Започнат е нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко.

– Пожарот е на непристапен терен, а од рано утрово на терен се излезени пожарникари и лица од шумско стопанство „Беласица“, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на село Барово, во Демир Капија е веќе целосно изгаснат.

Од ЦУК ги повикуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места, каде е присутен оган или дим, да ги известат надлежните служби во најблиските институции или да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК – 195.

Апелираат, исто така, овој број да не се злоупотребува за лажни повици, што значително би ја отежнале работата на гаснењето на постоечките пожари./МИА/.

Next Post
EPA-EFE/ITALIAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT  HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Евакуирани повеќето од македонските државјани во Авганистан

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk