ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

August 17, 2021 13:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.


– Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски изврши увид во градежните работи на оваа значајна велосипедска делница.

Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.

За потсетување, Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.

Значајно е да се нагласи и дека велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата Васко Карангелевски, на булеварите АСНОМ и Никола Карев и на клучката кај Момин Поток.

Next Post
Фото: МИА

Османи: Од НДИ побарано сместување на уште 200 цивили од Авганистан

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk