ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владините мерки го зголемија интересот за вакцинација кај помладите од Кичево

August 17, 2021 16:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Мерките на Владата за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на забрана за престојување во угостителските објекти без сертификат за примена, барем прва доза на вакцина против корона, го зголемија интересот кај помладите генерации од Кичево да се вакцинираат и како резултат на зголемениот интерес се и гужвите кај вакциналниот пункт во Здравствениот дом.

-Од вчера интересот на помладите за да се вакцинираат драстично порасна. Во Здравствениот дом се работи нонстоп во две смени, со цел што поголем број пациенти ја примат првата вакцина или се ревакцинираат. Во текот на вчерашниот ден и денешното претпладне над 600 наши сограѓани беа вакцинирани со вакцините на кинески„Синовак“ или во многу поголем број со американско-германскиот„Фајзер-Бионтек“.Овој притисок за вакцинација сигурно ќе трае и наредните денови, затоа што добар дел од младите досега ја немаа примено ниту првата вакцина-истакна Мирјана Мојсоска одговорна сестра од Здравствен дом во Кичево.

Таа потсети дека во Општина Кичево во завршна фаза е и теренската вакцинација, каде до 3 август со прва вакцина се имаа вакцинирано 1 019 жители од руралните средини и паралелно тече вакцинација на лицата кои поради здравствени проблеми, не се во можност да го посетат вакциналниот пункт.

-Паралелно со вакцинација и ревакцинација што ја вршиме во Здравствениот дом, наша екипа продолжува со теренска вакцинација која се ближи кон самиот крај. Од 3 август до денес од 1019 вакцинирани жители од руралните средини се ревакцинирани 750 граѓани и до средината на наредната недела ќе завршиме и со теренската ревакцинација во сите села од нашата општина, додаде Мојсоска./МИА/.

Next Post

Зошто Авганистанците на крајот не им пружија никаков отпор на Талибанците? (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk