Починатата тетовка за која претходно известивме по инфортмација добиена од МИА, немала 19, туку 59 години, a превид бил направен поради згрешен матичен број.
Сe работи за превид поради напишан погрешен матичен број на починатата пациентка, од каде се извлекуваат податоците за возраста и идентитетот.
Од Министерството за здравство велат – Нема почината пациентка на 19-годишна возраст во Клиничката болница во Тетово.
Информацијата ја коригираше и докторот Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот при Клиничка болница во Тетово, на чија изјава претходно се повикаа повеќе медиуми. Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.