ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политико: Албанија, Северна Македонија и Косово прифаќајќи бегалци од Авганистан, го потврдија сојузништвото со САД

August 18, 2021 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Албанија, Северна Македонија и Косово се првите европски земји што рекоа дека ќе обезбедат привремено засолниште за Авганистанците кои патуваат за САД откако избегаа од освојувањето на талибанците на нивната земја.

Како што објави денеска бриселскиот портал Политико, според медиумите, повеќето се цивили кои работеле со американски или меѓународни мисии во Авганистан и се евакуирани додека чекаат американски визи. Студентските домови се испразнети за Авганистанците кои доаѓаат во Албанија, додека Северна Македонија, се посочува, објави дека одморалиштата и хотелите ќе бидат достапни. Косово соопшти дека има капацитет да прими до 10.000 луѓе. Во среда во Албанија треба да пристигнат првите бегалци.

Трите земји, како што одбележува Политико, се меѓу најсиромашните во Европа и сите три се надеваат дека на крајот ќе се приклучат на Европската унија – иако се уште има значителни пречки пред тоа да се случи. Тоа е една од причините што тие многу се потпираат на нивната врска со Соединетите држави.

-Овие три се најпроамерикански земји во Европа, и веројатно во светот, како во однос на расположението кај населението и по усогласеноста кај политичката класа, без оглед на администрацијата што е на власт во САД, рече Тоби Вогел, аналитичар во Советот за политика за демократизација, тинк-тенк со седиште во Берлин. Тие ќе направат многу за да се приспособат на сите барања што може да ги имаат САД, смета Вогел.

За Северна Македонија, ова е исто така начин да се покаже дека го сфаќа сериозно членството во НАТО и да добие дипломатска поддршка за да ги деблокира пристапните преговори со ЕУ, се посочува меѓу другото во анализата на Политико.

Сите 27 земји на ЕУ, се потсетува, се согласија да започнат заеднички преговори за членство со Северна Македонија и Албанија во март 2020 година. Но, Бугарија поднесе вето против членството на Северна Македонија, додека таа не признае дека нејзиниот јазик потекнува од бугарскиот јазик и не ги приспособи учебниците по историја за да одразува посилно бугарско присуство.

-Благодарноста за Соединетите држави е исклучително висока со оглед на тоа колку луѓето се разочарани и лути на ЕУ. Луѓето мислат дека САД се клучниот стратешки партнер на земјата, вели Предраг Арсовски, македонски коментатор и колумнист.

-Целиот регион очекува значителна промена од страна на сегашната американска администрација во споредба со администрацијата на Трамп. Тие очекуваат Бајден да биде многу повеќе вклучен. Ова е причината зошто тие сакаат „да ги наплатат своите чипови“ рано, рече тој, стои во анализата на Политико./МИА/.

Next Post

Зголемен интересот за вакцинација, до вчера вакцинирани 612.000 граѓани

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk