ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Зголемување на опфатот на деца во градинките во Општините Свети Николе и Росоман

August 19, 2021 11:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
МИА

МИА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договори за соработка со градоначалниците на Општина Свети Николе и Општина Росоман, за доградба и изградба на две детски градинки.

Овие договори се однесуваат на унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на  опфатот на деца во детските градинки.

Договорот со општина Росоман се однесува на проширување на постоечката  детска градинка “Праскичка”, со што капацитетот на градинката ќе се зголеми за 30 деца (2 групи од по 15 деца). За оваа намена МТСП обезбеди средства во вкупен износ од 12.279.000 денари.

Договорот со општина Свети Николе се однесува на изградба и опремување на нова детска градинка во с.Ерџелија, “Рахилка Гонева”, која ќе биде со капацитет за згрижување на 60 деца. За оваа изградба на оваа градинка МТСП обезбеди 31.565.000 денари.

„Како Министерство но и како Влада продолжуваме со политиките за зголемување на капацитетите на детските градинки со цел поголем опфат на деца во нив. Предучилишното образование претставува првиот чекор  со кој што дечињата влегуваат во образовниот системот, почнуваат да ги стекнуваат основните навики, вештини, се дружат, учат и притоа низ целиот процес ги водат стручни компетентни кадри,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа истакна дека од почетокот на мандатот, односно за само 10 месеци, отворени се 15 нови градинки со што капацитето е зголемен за 1.150 деца. До крајот на оваа година ќе бидат отворени уште 10 нови детски градинки, најави Шахпаска.

„Остануваме посветено да работиме на крајната  цел, зголемувањето на процентот на опфат на деца во предучилишните установи на 60 отсто, односно дополнителни 7500 деца во градинките до крајот на мандатот“, потенцираше министерката Шахпаска.

Градинките се очекува да бидат отворени за 14 месеци од моментот на воведување на работа на изведувачот.

Next Post
МИА

Ѓуровски: Северна Македонија не смее да си дозволи да не биде дел од коалицијата која манифестира хуман пристап кон авганистанскиот народ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk