Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ со собрани потребни 250 потписи ќе учествува на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар, информираат од „Шанса за Центар“.
Носител на советничката листа е Јана Белчева – Андреевска.
„Оваа граѓанска иницијатива произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители,активисти и експерти од различни областа кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина. Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса, како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување.“ истакнуваат во соопштението од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.