ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ и УСАИД донираат мобилни станици за миење раце во 15 училишта

August 20, 2021 08:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на отворањето на училиштата и  подготовките за организирање на наставата со физичко присуство на учениците, претставниците на  УНИЦЕФ  и УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, денеска ќе го посетат ОУ „Климент Охридски“ во Драчево – едно од петнаесетте училишта  кои добија мобилни станици за миење раце заради подобрување на капацитетите за вода, санитација и хигиена. 

Најавено е присуство и на министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претставник на Македонски центар за граѓанско образование – партнер во проектот.

–Мобилните станици за миење раце имаат канистери за вода, сапун и крпи за раце. УНИЦЕФ донираше педесет и две станици на 15 училишта, со финансиска помош од УСАИД. Училиштата ги посочија Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат како критични според капацитетите за вода, санитација и хигиена, информира Канцеларијата на УНИЦЕФ.  

Училиштата се избрани врз основа на наодите од алатката за самопроценка изработена од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат, со поддршка на УНИЦЕФ.

-Оваа алатка ги интегрира напорите за проценка меѓу ИЈЗ и Државниот просветен инспекторат, а ги вклучува препорачаните прашања на СЗО за проценка на капацитетот за вода и санитарно-хигиенски услови. Алатката е достапна за самопроценка на сите училишта, како и на центрите за јавно здравје и просветните инспектори. Покрај тоа, раководството и техничката служба во училиштата добија детална обука за вода, санитарно-хигиенски капацитети и одржување, наведува Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава./МИА/.

Next Post

Предизборно здружување во опозицискиот блок, ќе се бара решение за гласачите со истечени лични карти

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk