Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваше на Младинската керамичка работилница во кичевското село Вранештица, заедно со учениците од средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” од Скопје и двете гимназии од Кичево.
– Вистинско задоволство е денешното дружење со вас учениците кои сте дел од оваа работилница чија главна цел е да придонесе за културен развој на руралните средини, но и за опстанок на автентичноста традиција за изработка на керамички садови и предмети во ова кичевско село, рече Царовска.
Додаде дека заедничката креативна работа го зајакнува единството и дружењето помеѓу младите, но е и одлична можност да се научат нови корисни вештини.