ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: За еднаков пристап до образование, обезбедивме таблети наменети за ученици во социјален ризик

August 21, 2021 10:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерството за образование и наука набави и дистрибуираше до училиштата таблети за ученици од четврто одделение од семејства во социјален ризик.Од вкупно 10.000 уреди, до сега се подигнати вкупно 3.000 таблети.

Со набавувањето на оваа опрема училиштата се подготвуваат за новата учебна година, со која во пракса започнува и имплементацијата на новата образовна Концепција за основно образование. Со новата Концепција се предвидува осовременување на образовниот процес, односно учениците од прво и четврто одделение ќе учат по целосно нови наставни програми и од нови материјали за учење, чија подготовка е во завршна фаза.

Во наставата во четврто одделение, новина е што предност ќе се даде на дигиталните учебници, кои ќе бидат само една алатка повеќе за успешно совладување на материјалот. За таа цел, МОН обезбеди таблети кои се наменети за учениците од социјално ранливи семејства. На овој начин, овозможуваме еднаков пристап на сите ученици до користење на современи средства за учење, односно даваме можност мултимедија при учењето да користат и учениците кои поради финансиски потешкотии тоа не можеа да си го дозволат порано.

Новите наставни програми треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност. Имплементацијата на новата Концепција започнува етапно и е предвидено целосно да се воведе во деветолетката во следните 5-6 години.

Next Post

Министерката Шахпаска ѝ посака среќа на Оливера Наковска-Бикова на Параолимписките игри во Токио

НАЈНОВО

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk