Македонски каратист Стефан Стојановиќ предмалку ја освои европската титула за млади до 21 година, во карате-борби, категорија над 76 кг.
Нашиот млад каратист во финалето го победи фаворизираниот Италијанец Матео Аванзини. На патот до финалето, Стојановиќ претходно извојува победи и против Амир Зуауи од Франција, Мартин Елиас од Чешка, Артјом Јермолаев од Летонија и Хубер Јароцки од Полска. Освен златниот медал за Стојановиќ, за одбележување е и бронзениот медал што денеска го освои Матеј Белистојаноски по победата над Максим Каширски од Белорусија.
А. Лукароски