Јас можам да разберам дека одредени мерки наидуваат на негодување, но секоја мерка е за што побрза имунизација и пресекување на ширењето на вирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на презетацијата на новата национална кампања „Вакцинирај се“.
Министерот на новинарско прашање повторно објасни дека имунитетот од вакцинација е подолготраен.
„Нема дилема дека антителата еден одреден период штитат. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително, истакна Филипче.
Тој изјави дека во текот на утрешниот ден состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести.
„За утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација поради тоа што сега се анализираат епидемиолошките мерки“, рече Филипче.