ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19

August 23, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од Ковид-19. 

-Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево. И тоа се болници во кои со директорите сме во континуирана комуникација, а со цел за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација, тој се транспортира до Скопје. Тука е отворена Болницата за рехабилитација во Козле која што е целосно опремена, снабдена со централен довод на кислород. Тука, има сместено за време на викендот околу 25 пациенти од вкупно 110 кревети коишто се на располагање, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот информира дека за пациентите од Кичево и од Струга на располагање се болниците во Прилеп и во Битола, а за Гостивар и Тетово болничките центри во Скопје.

-Имаме континуирана комуникација и координација по претходна најава согласно проценката, тријажата дали е потребна хоспитализација, се најавуваат и се праќаат пациентите во Скопје. Ние имавме утрово координативен состанок со директорите на сите клиники, пред се интерните од Клиничкиот центар, со цел да спремиме и дополнителни капацитети на интерните клиники, по примерот како што беше претходно. Се надевам дека до тоа нема да дојде, меѓутоа мораме да сме за тоа спремни и тоа го направивме заедно со припрема и списоците на тимовите на лекари и сестри коишто од сите клиники се веќе на располагање ако има потреба да се активираат други КОВИД-центри, уверува Филипче.

Според него, здравството ќе го издржи и овој бран со Ковид-19

-Да, апсолутно да. Спремни сме да се реорганизираме и дополнително и во другите болници. Сега веќе имаме и едно искуство. Овие денови следиме како се одвива бранот во Тетово и во Гостивар, кои се специфични градови зошто нагло се зголеми бројот на пациенти на кои им беше потребна хоспитализација. Во исто време се градови со мал опфат на вакцинација. И сега опфатот расте, па сега ќе анализираме дали според прегледите може да констатираме дека притисокот спласнува. Рано е за тоа да се каже, иако има некои индиции според разговорот со директорите, рече Филипче.

Оваа недела, како што рече, правиме анализи за да можеме да направиме некаква претпоставка како ќе се одвива овој бран./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царината заплени непријавени 1.000 антиген тестови за Ковид-19

НАЈНОВО

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за мировниот договор во Газа

October 14, 2025

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

October 14, 2025

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk