ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петта година по ред ОКТА стипендира постдипломци на УКИМ

August 23, 2021 21:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

ОКТА и годинава ќе стипендира студенти на втор циклус студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе бидат доделени пет стипендии на четири факултети на УКИМ, за што компанијата и Универзитетот потпишаа Меморандум за соработка, во кој се дефинирани условите и начинот на стипендирање на постдипломците. Со ова, петта година по ред, ОКТА обезбедува поддршка за студентите на најстарата и најголема високообразовна институција во државата.

-Особено сме горди на оваа наша определба како компанија да ги поддржуваме младите во нивната желба и амбиција да го надградат сопственото образование. Најдобар показател за оправданоста на оваа наша заложба е вкупниот просечен успех на нашите досегашни стипендисти кои веќе магистрираа, а кој изнесува 9,95. На овој начин, не само што го помагаме индивидуалниот развој на успешните студенти, туку, што е уште поважно, директно придонесуваме кон создавање на висококвалитетни кадри, а со тоа и отворање нови можности за напредок на заедницата, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Стипендиите и годинава се доделуваат на факултети кои се сродни со дејноста на ОКТА и тоа две за постдипломци на Факултетот за електротехника и информациски технологии и по една стипендија на Машинскиот, на Природно-математичкиот (Институт за хемија) и на Технолошко-металуршкиот факултет. Право да аплицираат имаат сите студенти кои првпат ќе запишат втор циклус студии на овие факултети во учебната 2021/2022 година.

Конкурсот за стипендиите што ги доделува ОКТА, со сите потребни детали, е објавен на интернет страницата и на социјалните мрежи на компанијата, како и на интернет страниците на четирите факултети. Рокот за аплицирање е 4-ти октомври 2021 година, кога завршуваат и уписите за втор циклус студии на УКИМ. Изборот на најдобрите апликанти ќе го изврши комисија составена од претставници на ОКТА и на соодветниот факултет.

Поддршката на образованието и новите генерации претставуваат значаен сегмент во општествено одговорната стратегија на ОКТА. Програмата за стипендирање која компанијата активно ја спроведува петта година по ред, опфаќа вкупно 40 стипендии за втор циклус студии на факултети на УКИМ, и седум стипендии за втор циклус студии на универзитетите во Пиреја и на Крит во Република Грција.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Имаме Закон за попис , ОКТА стипендира постдипломци на УКИМ

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk