Познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ утрово е приведен, под сомнение дека рано утринава околу 4 часот физички го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш, пренесува „Блиц“.
Како што дознава „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.
Предраг Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му нудел поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“.
Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа.
Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.
			




