Нови 1210 случаи на КОВИД-19 од 7084 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Починале 32 пациенти на возраст од 32 до 79 години, а оздравени се 451.
Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, 464 од новозаразените се од Скопје, во Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29, Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен имаат по 13 нови случаи, Прилеп – 12, Делчево и Кратово по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – девет, Дебар и Виница по седум, Неготино – шест, Берово – пет новозаразени, Штип, Валандово и Богданци по четворица, Македонска Каменица – три нови случаи, Охрид, Крива Паланка и Пехчево по два и по еден нов случај имаат Демир Хисар и Демир Капија.
Од 32 пријавени починати лица, осум се од Скопје (52г, 54г, 58г, 61г, 67г,68г, 75г, и 77г), по шест се од Гостивар (45г, 47г ,48г, 61г ,67г и 74г) и Тетово (54г, 57г, 60г, 72г, 74г и 78г), тројца од Куманово (52г, 71г и 79г), двајца од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице има од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г). Триесет и еден се починати во болница, а едно лице е починато во домашни услови.
Од оздравените 451, 133 се од Скопје, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен имаат по осум, Кавадарци – седум, Штип – шест, Радовиш, Кочани и Берово по пет, Прилеп и Свети Николе по тројца оздравени, Виница и Охрид по двајца и по еден оздравен пациент има во Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија.