ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерката Брнабиќ ја поддржува мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници во Србија

August 24, 2021 16:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Лекарите мора да се водат како пример, тоа е дел од нивната одговорност и верувам дека 100 отсто од здравствените работници треба да се вакцинираат против Ковид, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Брнабиќ на ТВ Прва кажа дека една од темите на денешната седница на Кризниот штаб ќе биде задолжителната вакцинација на здравствените работници.

– Имаме 66 отсто од здравствените работници кои се вакцинирани, но огромен број од нив не е. Основна одговорност е да се вакцинираат. Ако можеме, би отишла на задолжителна вакцинација за нив, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека на денешната седница на Кризниот штаб главна тема ќе биде и почетокот на учебната година.

– Предлогот е учебната година да започне нормално, со целосен фонд на часови, со задолжителни маски. Апелираме до сите просветни работници да се вакцинираат. Мислам дека е исклучително важно оваа учебна година децата нормално да одат на училиште, изјави Брнабиќ, оценувајќи дека вакцинацијата на младите, кои во Србија се вакцинирани само околу 20 отсто, е исклучително важна.

Таа додаде дека мора да се научи да се живее со вирусот и дека вакцините се достапни за секого, што е главна мерка во борбата против епидемијата.

– Имаме околу 52 отсто вакцинирани полнолетни граѓани, што не е доволно, но не спасува. Сепак, мораме побрзо и подобро, нагласи таа, порачувајќи дека е против мерките на затворање, бидејќи верува дека секој мора да научи да живее со вирусот.

Во пресрет на денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тодоровиќ за весникот „Нова“ изјави дека ќе бара построги мерки и натписи на кафулињата „Предност за вакцинираните“.

Тој смета дека доколку се почитуваат мерките, нема потреба да се ограничува работата на угостителските објекти.

– На угостителите ќе им биде упатен апел до сите нивни работници да се вакцинираат. Ова може да важи и за рестораните и за ноќните клубови, а мислам дека не може да боли на влезот во внатрешноста на објектот да стои натпис „предносот имаат оние кои се вакцинирани, оние кои се тестирани и го преболеле вирусот“, рече Тодоровиќ.

Координаторот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ оцени дека вакцинацијата во Србија се уште е забавена и дека досега се дадени 29.000 трети дози на вакцини против коронавирус.

Next Post

Во Бугарија ќе се премине на онлајн настава ако заболат над 10 отсто од учениците

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk