ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Симовски: Небитно е дали попишувачите се вакцинирани, менување на методологијата не доаѓа предвид

August 25, 2021 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Симовски на прес-конференција во Владата се заблагодари за владината препорака да се стават на располагање времено вработените во државните институции, но изрази надеж и очекување дека нема да има потреба од нивно ангажирање зашто има, рече, доволен број попишувачи.

Според директорот, пописот е обврска на секој граѓанин, а не доброволна активност. Методологијата на попишувањето, пак, нема да се менува, подвлече, и покрај лошата епидемиолопка слика во државата.

-Мислам дека им е јасно на сите дека не можеме сега и воопшто немаме намера да размислуваме во таа насока да ја менуваме методологијата. Донесена е според закон, објавена е во Службен весник и одобрена од Евростат, така што менување на методологијата не доаѓа предвид. Во однос на какво било одбивање за попишување, има закон кој е многу прецизе. Ова е задолжителна активност, обврска на сите. Ова не е доброволна активност, потенцира Симовски.

Во однос на попишувачите, повтори дека очќекува д аима доволне број кандидати.

-По тестирањето ќе знаеме колку попишувачи имаме на располагање и тогаш ќе можеме да кажеме дали ќе ни биде потребен дополнителен кадара. Но, очекуваме да имаме секаде доволен број кандидати кои ќе ги избираме согласно конкурсот што денеска завршува. Утре ќе имаме конкретни информации, колку аплицирале за кои пописни реони, а задутре ќе знаеме и точно колку од нив ја поминале селекцијата. Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – раазлични јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи, истакна директорот.

Евнтуално ангажираните, објасни директорот, ќе бидат платени само за работата што ќе ја извршуваат, како и секој друг учесник во пописот./МИА/.

Next Post

Николовски: Новиот Закон за потекло на имот денеска ја добива својата прва нацрт-верзија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk