ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дендиас доаѓа во Скопје, ќе се направи евалуација на спроведувањето на Преспанскиот договор

August 26, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата на Грција Никос Дендиас кон крајот на месецот доаѓа во посета на Северена Македонија, при што ќе се направи и евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, а ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на нашата евроинтеграција, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Сметам дека е важна посета, повратна после мојата во Атина и зборува за интензитетот на комуникацијата на високо ниво што е одраз на добрите билатерални односи меѓу нашите држави коишто се и повеќе од само имплементирање на Преспански договор, бидејќи Преспанскиот договор предвиде создавање на стратешко партнерство меѓу нашите две држави и ние тоа во континуитет го градиме и го подобруваме и во политичкиот и во економскиот контекст, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во МНР со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.  

Посочи дека во МНР е формирана работна група за следење на имплементацијата на Преспанскиот договор вклучувајќи и координатор и тековно се следат на неделна основа нашите обврски.

– Тоа не се само обврски од членот 8 кои произлегуваат во промена на ознаките, таблите итн., туку и во делот на Комисијата за заштита на трговските марки што е многу важно прашање, бидејќи колку побрзо ќе се реши прашањето за трговските марки толку ќе бидеме можеби во подобра позиција во однос на заштитата на трговски марки или, пак, во однос на Комисијата за образовни прашања. И четвртиот дел е секторската соработка која исто е предвидена во рамки на Преспанскиот договор, рече Османи.

Предвидено е на средбата со Дендис, наваде Османи, да се направи и евалуација на степенот на имплементација во однос на обврските што ги има и државата, меѓутоа и што ги има Република Грција.

– Планираме посуштински и посистематски да влеземе по однос на сите прашања со цел да направиме еден пресек на степенот на реализација, меѓутоа се разбира и другите прашања ќе ги отвориме, пред се поддршката во однос на европските интеграции и се разбира секторската соработка во контекст на стратешкото партнерство, изјави министерот Османи. 

Next Post

Филипче: Болниците во Тетово, Гостивар, Струга и во Кичево сè уште се преполни

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

October 25, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Платини се враќа со контранапад: „Ме саботираа за претседател на ФИФА!“

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk