ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

За една деценија регистрирани дополнителни 150.000 возила, најголем дел половни (ИНФОГРАФИК)

August 27, 2021 19:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 350.762 регистрирани возила во 2012 година до 500.633 возила со македонски регистарски таблички лани. За помалку од една деценија, бројот на возила што сообраќаат на патиштата во земјава е зголемен за дури 150.000. Најзагрижувачки е што станува збор за половни возила со високо ниво на загадување. Стапката на моторизација на македонските граѓани забрзано расте од година во година, што доведува до проблеми со сообраќаен метеж и недостиг на паркинг места во градовите, но и до потреба за сериозни инвестиции на државата во патната инфраструктура и преземање на мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето и климатските промени.

Податоците на национално ниво на Државниот завод за статистика покажуваат дека најзабрзан раст има кај набавката на патничките автомобили, кои во 2020 година во земјава биле вкупно на број 429.196. По оваа рекордна бројка, следуваат товарните возила, кои низ годините имаат континуиран раст. Лани во земјава сме имале вкупно 39.202 камиони и други товарни возила, како и 12.794 мотоцикли.

Ваквите статистички податоци за растот на стапката на моторизација на населението стануваат загрижувачки доколку на нив се додаде информацијата дека над 80 отсто од увезените возила во земјава се половни. Царинската управа на РСМ пресметала дека лани во земјава влегле 26.265 половни и само 6.013 нови возила (автомобили, камиони, автобуси). Овие половни возила со постари мотори испуштаат значително поголеми емисии на јаглерод диоксид, со што многу повеќе го загадуваат воздухот, за што „Мета.мк“ веќе пишуваше.

Искуствата од другите земји покажуваат дека доколку транспортот биде оставен да се развива без контрола и мерки од надлежните власти, тогаш увозот на возила неконтролирано ќе расте и ќе предизвика колапс и во функционирањето на градовите, но и во одржувањето на здрава животна средина. Оттука, државните и општинските власти се клучниот фактор што треба да ги реализира мерките што ги предложуваат невладиниот сектор и научните установи.

Токму Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во минатогодишниот Трет двогодишен извештај за климатски промени на Република Северна Македонија претстави неколку конкретни мерки за ублажување на последиците од климатските промени во доменот на транспортот, односно за намалување на постојните емисии на јаглерод диоксид.

Помеѓу предложените мерки до властите што треба да се реализираат, од МАНУ побараа донесување на регулатива во земјава со која што ќе се забрани купување автомобили со стандард понизок од ЕУРО 6, субвенции од 5.000 евра за набавка на електрични возила во периодот 2020-2023 година, резервиран зелен паркинг на сите јавни паркинзи, обврска да се постават брзи полначи за електрични автомобили на сите бензински станици на автопатите, обезбедување на субвенции и системи за изнајмување на велосипеди и електрични тротинети во градовите, нови политики за паркирање што ќе ја намалат употребата на автомобили во градските средини и изградба на велосипедска инфраструктура, обврски на јавните институции да купуваат возила со мала емисија на CO2 и зголемување на употребата на патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

Наспроти ваквите предложени мерки, реалноста покажува дека Владата вети, но и понатаму во 2021 година не го спроведе ограничувањето на увозот на автомобили со минимум ЕУРО 5 стандард на емисии на штетни гасови, субвенции за набавка на електрични возила не се воведени, додека полначи за електрични возила на патиштата не се поставени. Иако од централната власт ветија, јавните институции до денешен ден немаат обврска да купуваат возила со мала емисија на јаглерод диоксид, додека бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај е на историски најниско ниво.

Од Владата на РСМ минатиот месец за „Мета.мк“ изјавија дека во Законот за возила е воведена програма за субвенционирање на нови возила, но поради ситуацијата со ковид-19 таа не е активирана. Датум кога би започнале ваквите субвенции засега нема, а не се знае ниту кога би отпочнале јавните институции да имаат обврски какви службени возила ќе купуваат во иднина.

За потсетување, уделот на транспортот во вкупните емисии на стакленички гасови во земјава незапирливо расте, заедно со учеството на транспортот во загадувањето на воздухот во градовите. Ако се погледнат податоците во секторот Енергетика, во 1990 година транспортот имал удел од 8,2 отсто во создавањето на штетните гасови мерени во јаглерод диоксид, додека во 2016 година неговиот процентуален удел се зголемил на дури 28,1 отсто. Од 2016 до 2020 година, во земјава пак има речиси 40.000 повеќе автомобили, мотори, камиони, трактори и автобуси.

извор: МЕТА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk