ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Даштевски: Кон крајот на следната недела пристигаат првите апарати за изборите

August 28, 2021 20:28
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кон крајот на следната недела се очекуваат да пристигнат првите уреди за биометриска идентификација на гласачите, а во понеделник во земјава треба да пристигнат инженерите од Германија, изјави вечерва претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Даштевски рече дека првите апарати требало веќе да стигнат, но оти се работи за процедури поврзани со документацијата.

– Тоа се 200 уреди кои ќе служат за обука на оние кои ќе управуваат со нив. Во понеделник доаѓаат инженерите од Германија, рече Даштевски, додавајќи дека откако ДИК ќе го донесе упатството за употреба и управување со апаратите, ќе започне едукацијата на избирачките одбори.

Апаратите, како што појасни, се специфични и гласањето ќе се одвива така што првично се става исправата за лична идентификација (лична карта или пасош) по што на екран излегуваат личните податоци за лицето. Со ставањето на прст, апаратот покажува дали лицето веќе има гласано. Ако веќе гласало, ќе свети црвено светло, а доколку не гласало, ќе свети зелено светло. Во случај кога лицето не е на вистинското избирачко место, на апаратот ќе се покаже жолто светло и информација на кое избирачко место треба да се упати гласачот.

– Во техничката спецификација за набавка ставивме дека апаратот треба да има и звучен сигнал, рече Даштевски.

Тој се надева дека со овој модел на гласање ќе се стави крај на сите незадоволства што се јавуваат по изборите и непризнавање на изборните процеси.

Во однос на кандидатските листи, Даштевски информира дека досега до ДИК се поднесени 15 листи за независни кандидати за градоначалници, а во тек е собирањето на потписи за уште 18 кандидати. За советите има 42 листи за советници кои веќе се собрани, а во тек се уште 24.

Во Избирачкиот список досега се направени 7.054 проверки. Има 16 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците и пет барања за измена на податоците, при што 20 барања се поднесени електорнски.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Вечерен преглед: Невработеноста сведена на историски 16 %, пристигнаа и последните евакуирани Македонци од Авганистан, Пандев со поддршка на вакцинацијата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk