ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милевски: Наместо со такси, корисниците на дневните центри за лица со посебни потреби во Североисточниот регион конечно ќе се превезуваат со нови комбиња

August 28, 2021 12:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Преку проектот „Социјална инклузија на корисници на дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт“ Центарот за лица со посебни потреби во Крива Паланка добива свое комбе кое ќе ги превезува лицата кои престојуваат. Исто така се обезбедени и две комбиња во останатите два Центри на североисточниот плански регион, во Куманово и Кратово, во износ над 120.000 швајцарски франци.

– Конечно после долги години, наместо со такси или со било какво превозно средство, корисниците добиваат соодветен превоз, овој проект е реализиран од страна на Министерството за локална самоуправа, преку програма со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.

– Токму проектот овозможува услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на население кои подлежат на социјален ризик. Ние обезбедивме пристоен и квалитетен транспорт за корисниците на трите Дневни центри од Североисточниот плански регион, поточно овде во Крива Паланка, Куманово и Кратово, каде 80 лица ги користат услугите, а со ова ќе придонесе кон социјална инклузија на специфичните целни групи во општеството, рече тој.

Министерството за локална самоуправа и оваа година преку буџетот кој го креиравме ќе реализираме проекти кои ќе бидат во осумте плански региони за да може да се овозможи подобар живот на граѓаните.

На настанот освен министерот присуствуваше и вицепремиерот Љупчо Николовски кои заедно ги врачија комбињата.

Next Post

Заев: Црвените линии се ограничувачки, ве ставаат во кутија – суштината е во пријателството

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk