пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Македонија ја умираат со смртта на нејзините луѓе.
Ова е артилериска подготовка.
Не бомбардираат со мртви тела.
Антиваксерите, вмороните и другите припадници на групацијата на лудаците, примитивците, злосторниците и антимакедонистите, ја играат истата улога каква што на аеродромот во Кабул ја одиграа самоубијците на Исламската држава. Бројот на жртвите во нападот во Авганистан ние го стигнуваме за неколку дена, но тие таму никогаш нема да можат да убиваат секој ден по толку по колку во време на пандемијата што ја разгоруваат, можат да убиваат нашите скотови.
Ние сме во граѓанска војна.
Со сељаците.
Со антиграѓанството.
Односно примитивноста е во војна со нас.
Короните се нивните калашникови и хаубуци.
Ние ги имаме вакцините, науката, системот и здравиот разум.
Тие се малку поврескави, како што се сите што вложиле сѐ, а знаат дека губат.
Ние сме повеќе и повеќе вредиме.
Времето, правдата, вистината се на наша страна.
На наша страна е животот, на нивна страна е смртта.
Дали е потребна задолжителна вакцинација?
Се разбира.
Но, за тоа е потребен собраниски консензус.
Статус кој убијците го сметаат за опасен во битката што ја водат за освојување на власта.
Власта е нивниот Кабул.
Тие мислат дека мртвите се скали преку кои ќе се искачат на тронот.
Или дека мртвите ќе можат да ја затрупаат власта и дека таа ќе падне под тежината на мртвите.
Заедно со државата.
И нацијата.
Затоа е на дело политиката: колку повеќе мртви, толку подобро!
И: колку полошо, толку подобро.
Затоа го слават лошото.
Секое лошо.
Тие би ја оствариле својата мисија и во оваа, ајде да ја наречеме, „бе“ варијанта.
Затоа се комотни.
Луда работа.
Единствена уште од времето кога е направена првата држава.
Но, така е.
Власта е доминантна тема.
Не животот.
За уметноста да не правиме муабет.
Животот е за умирање.
Така ќе биде дури и кога ќе умираат последните Македонци.
Не постои друг медиум низ кој Македонецот се мисли себе си како политичко битие.
Па, дури и како приватно.
Тоа го наметна вмро-дпмне.
Погледнете си ја дома графиката и се ќе ви биде јасно.
И кога беше власт и кога беше опозиција.
Во последниве четири години посебно.
Така го растури општеството.
Со помош на медиумските инсталации и платеници ја раскурцаа супстанцата на нацијата, хистеризирајќи ги луѓето на измислените теми за националното предавство и за лажниот патриотизам, да им го ебам патриотизмот, полош е од короната, не знам како тоа не е јасно за голем број луѓе, сведувајќи го животот на луѓето на активности за деконструкција или за одбрана на власта.
Се сведовме на еднодимензионални суштества.
Да не речам, на едноклеточни.
Невидена свињарија во која нацијата ужива како жаба во бавнозагревачка вода.
Македонија е како златната рипка која се нафаќа да ја пренесе шкорпијата преку реката на историјата. Вмровската шкорпија. Не во басната туку во животот. И, еве сега, среде река, шкорпијата ја каснува рипката. Уште одекнува нивниот дијалог: зошто ме касна, ја прашува рипката, кога знаеш дека и двете ќе се удавиме, а шкорпијата ѝ вели: тоа ми е во природата!
И јас велам, тоа ѝ е во природата.
Цело време тоа го зборувам.
Од друга страна, шизофреноста на постоењето ја нагласува дражесната распеаност на темата за изборите. Македонија е тука голема просторија за журка, како во филмовите, луѓето пијат, се дрогираат, се ебат, плачат, се смеат, спијат, врескаат, додека по скалите се качува специјалната единица на Историјата. Хахаха. Тука се гледа инструменталната функција на смртта. Битката за власт е главна работа. Дури и некои доктори ги дотеруваат своите изјави за пандемијата во корелација не со борбата против страшната болест, туку во корелација со сопствените очекување од евентуалната промена на власта. Кревањето на паниката е испробана метода. Локалните избори се само меѓустаница. Ширењето на очајот ќе продолжи до парламентарните избори, кога и да се.
Имам одредени симпатии кон некои луѓе кои решија да одат како независни кандидати и кон самиот тој феномен, но тука сакам да изнесам неколку резерви и да укажам на неколку сериозни опасности. На помош го повикувам Стивен Пинкер:
Некои од нашите страдања произлегуваат од расчекорот меѓу изворот на нашите страсти во еволуциската историја и целите кои си ги поставуваме денеска.
Луѓето се прејадуваат во исчекување на гладта која никако да настапи, се впуштаат во опасни врски во кои зачнуваат деца што не ги сакаат и ги преоптоваруваат своите тела реагирајќи на стресот од кој не можат да побегнат.
Тоа што важи за емоциите би можело да важи и за разумот. Некои од нашите неприлики произлегуваат од расчекорот меѓу задачите за кои нашите когнитивни способности се развиле и целите на кои денеска им служат. Луѓето не се обидуваат да помножат шестцифрени броеви во главата ниту пак да ги запаметат телефонските броеви на сите луѓе што ќе ги сретнат зашто знаат дека умот не им е создаден за такви задачи. Но расчекорот е помал кога станува збор за тоа како да го осмислиме светот.
Ние сме лефтерни и во таа лефтерност забораваме на критериумите што ни ги наметнуваат времето и нашите ресурси. Ние сме во расчекор, драги мои. И во заостаток.
Одиме кон атомизација на политичкиот простор, а тоа ќе го промени просторот на полошо, не на подобро. Атомизацијата ќе ја зголеми, нема да ја намали корупцијата. Независните кандидати или ќе бидат корумпирани или ќе го блокираат конституирањето на власта. Нивните претстави за власта можеби се благородни, но се инфантилни. Политиката е многу посложена работа и бара многу други квалитети. Честа е малку за таа работа. Атомизацијата ќе заврши со дисбаланс во кој ќе падне вредноста на македонскиот политички фактор. Во етничка смисла на домашниот пазар, а во национална и државна кон надвор. Идејата дека треба да се уништи сдсм е самоубиствена, затоа што сдсм со сите слабости, се разбира, е последниот лигамент во македонското колено. Запомнете го ова. Нема во политичкото пространство друг субјект кој има моќ да ја интерпретира и развива идејата односно македонскиот државен и национален проект.
Јас го разбирам незадоволството од одредени политики, но не можам да го разберам отсуството на секаква самопочит и признание за големите резултати.
Од Преспа, до Минстер.
До Големата награда на Вестфалија за Ципрас и Заев.
Да речеме.
Сакаме нешто подобро?
Океј, тогаш дајте да го изградиме.
Но, глупаво е да ја убиваме камилата ако пред оазата немаме друга камила.
Или макар магаре.
Изборите се единствената шанса.
Општеството може да се сплоти само во победата на доброто над злото.
Не меѓу доброто и злото.
Нормалноста е нашата единствена шанса.
Политичките филозофи и историчари, какви што се Исаија Берлин, Кенет Миниг, Роберт Конкест, Џонатан Гловер, Џејмс Скот и Даниел Чиро, ги истакнуваат утописките соништа како главен извор на катастрофите на дваесетиот век.
Исчезнувањето на Македонија не мора да биде катастрофа.
Но, ако се случи, несомнено е дека заблудите, па и утопиите ќе одиграат важна улога во смртта што засега само ја навестуваат.
Чувајте се од вмро.
И сѐ што лебди околу тој ѕвер.
И сѐ ќе биде в ред.
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.