Разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија. Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници, рече денеска премиерот Зоран Заев.
За првпат во историјата на нашата земја, на локалните избори во октомври копјата ќе ги вкрстат две комплетно мултиетнички коалиции. До неодамна, ваква ситуација беше незамислива, а многу аналитичари велеа дека кога ќе се случи, тоа ќе биде вистински знак дека општеството тргнало во вистинска насока. Не во борба на етно-националистички наративи, туку во борба за вредности и решенија за вистинските, реални проблеми што ги засегаат сите граѓан(к)и на нашата земја… Анализира ПЕТРИТ САРАЧИНИ.
Новата коалиција на Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз, вели Стефан Васев од СДСМ. Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.
Грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, истакна на прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. Двеста милиони денари назад кон над 40.000 земјоделци, во тек е распределба на картички за зелена нафта, истакна тој.
Во Сингапур 80 проценти од 5,7 милиони жители се вакцинирани со две дози против Ковид-19, објави на Фејсбук министерот за здравство Онг Је Кунг. Со тоа Сингапур е прва земја во светот со најголем процент на вакцинирани луѓе.
М. М.