ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радовишките рудници „Бучим“ и „Боров Дол“ го одбележаа Денот на рударите

August 29, 2021 10:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ во Радовиш синоќа го одбележаа Денот на рударите. Официјалната свеченост се одржа во новоотворениот рудник за бакар Боров Дол, со почитување на КОВИД мерките и протоколите.

Раководството на рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ на сите свои вработени им доделија парични награди во чест на нивното залагање и посветеност, а на најдобрите рудари им беа врачени признанија и специјални парични награди за особен придонес меѓу двата празника. Наградите ги доделија генералниот директор на рудникот „Боров Дол“, Павло Кривинскиј и генералниот директор на рудникот „Бучим“, Олег Чусовитин, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во нашето општество.

-Секоја професија е почесна, но рударската професија заслужува посебна почит и признание. Без рударите немаше да имаме доволно електрична енергија или доволно греење, особено во денешно време кога овие работи се земаат здраво за готово, и никој не се прашува кој им го обезбедува сето тоа. Потребно е само да погледнеме околу себе и ќе сфатиме колку удобности од нашиот живот зависат од минералите извлечени од земјата. Рударите се причина што живееме лесно и удобно. Ви благодариме за се што правите за нас! На сите наши вработени и колеги во рударската индустријата, им го честитам нашиот професионален празник Денот на рударите и им посакувам здравје, среќа и благосостојба. Нека е за многу години овој празник. Среќно, рече Чусовитин.

Во обраќањето пред присутните, генералниот директор на рудникот Боров Дол, Павло Кривинскиј, истакна дека поради исцрпување на рудните резерви, наместо неизбежното целосно затварање на „Бучим“ на почетокот на 2021 година е изграден и отворен „Боров Дол“, со што се задржаа работните места, се создадоа нови работни можности и продолжи традиција на рударство.

-За релативно краток период, успеавме да изградиме современ рудник, развиен во согласност според сите стандарди кои обезбедуваат одговорно и одржливо рударството. Во изминатиов период сите заедно работевме неуморно и одговорно и не дозволивме рударството во овој крај да згасне. Сите вие стоите зад овој наш успех. Благодарност до сите вас, горди сме на она што заедно го постигнавме, рече Кривинскиј.

Во чест на рударскиот празник, покрај свеченото доделување на наградите, на локалните општини Радовиш, Конче и Штип, на чија територија работат двата рудника, Бучим и Боров Дол им доделија по 5.000 евра.

На големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на сите рудари и на сите луѓе и на сите жители на Република Северна Македонија, во знак на благодарност кон Богородица, „Бучим“ и „Боров Дол“ обезбедија 4.000 евра за манастирот Света Богородица Пречиста во Кичево, за довршување на изградбата на почнатата манастирска чешма со покривање на кровот со бакар, со што на симболичен начин се поклонуваат пред заштитничката на рударите.

извор: МИА

Next Post
фото: МИА

Обраќање на премиерот Заев по повод изградбата на далноводот Битола-Елбасан (во живо)

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk