ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Вниманието е подеднакво насочено кон квалитетот на наставата и кон безбедноста на учениците и наставниците

August 30, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивна е комуникацијата со локалните самоуправи и со раководствата на училиштата пред стартот на новата учебна година, со цел сите да бидеме добро подготвени и повторно да ја вратиме наставата во училница, каде што впрочем има и најголем ефект не само по однос на знаењето на учениците, туку и по однос на нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Никола Карев“ во Пробиштип со цел увид во условите кои ги обезбеди училиштето за прием на ученици и настава со физичко присуство.

„Пандемијата трае, но не смееме да си дозволиме училиштата да бидат затворени на првиот ден од учебната година. Препораката на УНИЦЕФ па и на сите други организации кои работат на заштита и унапредување на правата на децата е јасна, тие треба први да се отворат, а последни да се затворат. Затоа што нема подобра опција за учениците од настава со физичко присуство. Ова е особено важно за нашите деца, затоа што влегуваме во година на крупни промени во образовниот систем, како што знаете, стартуваме со реформи во прво и четврто одделение, кои поинаку не би го достигнале проектираниот ефект, ако наставата се одвива преку некоја друга форма и  нема непосредна интеракција со наставник – ученици“, рече Царовска.

Министерката додаде дека е задоволна од тоа што го видела при интензивните посети  по општините и општинските училишта во текот на овој месец и цени дека училиштата се подготвени за квалитетна, но и за безбедна настава, која ќе значи добра едукација на децата, но истовремено и ќе биде заштитено нивното здравје, како и здравјето на наставниците.

„Училиштата беа навремено информирани за сите работи кои, покрај средствата за хигиена и заштита од вирусот, треба да ги набават за да имаме квалитетен воспитно – образовен процес и речиси сите го обезбедија тоа што е неопходно. Во многу училници старите зелени табли се заменети со интерактивни табли, набавени се нагледни средства, а како што знаете преку МОН се реализираше набавката на 10.000 таблет компјутери за ученици од четврто одделение кои потекнуваат од семејства во социјален ризик, за да можат да ги користат новите дигитални учебници. Ќе потсетам и дека во тек на набавка на опрема за кабинети по природни науки во над 260 училишта, а дистрибуцијата на учебниците, оние новите печатени од прво до трето одделение, но и одобрените за сите други одделение навремено започна и ќе заврши до 1 септември“, рече Царовска.

Во новата учебна година започнува етапно да се имплементира новата Концепција за основно образование која треба да обезбеди поквалитетна настава, поголема интеракција помеѓу наставниците и учениците и процес на учење со разбирање и развој на критичко мислење кај младите. За оваа цел, беа изработени нови наставни програми за прво и четврто одделение, а врз основа на истите се изработија и нови материјали за учење. За прв пат, учениците од четврто одделение ќе имаат на располагање дигитални материјали за учење, а истите се достапни и во аудио формат и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шекеринска: Ни даваа мали шанси за успех, но изградивме држава со сите атрибути која стана и членка на НАТО

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Излезноста на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Затворени избирачките места низ земјава, почнува броењето на гласовите

October 19, 2025

ДИК: Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk