ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Вклучувањето на децата со оштетен слух и говор во градинките е врвен приоритет, ги јакнеме капацитетите за нивна целосна инклузија

August 30, 2021 17:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

На состанокот, на кој се зборуваше за потребата за инклузија на децата со оштетен слух во установите за предучилишно образование, како предуслов за правилен раст и развој, покрај претседателот на  Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, Павле Стаматоски, присуствуваа и родители на деца со оштетен слух,  Даниела Дичовска толкувач на знаковен јазик,  директорката на скопската градинка „Буба Мара“ Елена Устимитова, како и стручни служби од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска оцени дека секоја градинка мора да биде отворена за сите деца, но I истовремено да одговори на нивните потреби, со цел за сите деца да се овозможат еднакви услови за развој, напредок и инклузија во општеството.

„Нашата законска регулатива предвидува целосна инклузија на децата во предучилишното образование, а наша задача како Министерство е да создадеме услови тоа и практично да се реализира, односно да стане системско решение. Ние на тоа интензивно работиме, преку повеќе процеси на обуки и доусовршувања на стручниот кадар во градинките. Целосното вклучување на децата со оштетен слух и говор за нас е приоритет.  Верувам дека многу скоро, преку соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви,  ќе обезбедиме и стручен кадар во градинките, кој ќе го познава и толковниот јазик и кој ќе може да работи со дечињата и ќе им помогне во нивната адаптација во групите со останатите дечиња“, најави министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека целта е да се обезбеди згрижување на децата со оштетен слух во градинките на територијата на целата држава, но не е исклучено првично тоа да биде пилотирано во одредени општини и градинки.

Претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, Павле Стаматоски, оцени дека со децении наназад родителите на деца со оштетен слух се соочуваат со проблем за згрижување на нивните деца.  Поради тоа, тие се принудени да бараат алтернативни решенија за згрижување на нивните деца, кои понекогаш значат и нивно згрижување кај баби и дедовци, понекогаш и во други градови или на село, што практично значи и одвојување на децата од родителите на подолг период.

„За нас е многу важно конечно да се реши ова прашање. Децата со оштетен слух и говор треба да одат во градинка исто како и сите други дечиња. Нивните родители работат и затоа треба да има начин како тие да се згрижат, а истовремено да бидат и вклучени во предучилишното образование. Ова прашање во повеќе наврати сме го отворале, верувам дека сега заеднички ќе дојдеме до решение“, оцени Стаматоски.

Next Post

Иконому: Потребни ни се уште околу еден милион вакцинирани за колективен имунитет

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk