ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Службите на Владата, МВР, МНР, МЗ и Црвениот крст со целосна поддршка и грижа за првата група граѓани на Авганистан

August 31, 2021 16:07
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата група од 149 граѓани на Авганистан синоќа пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје. Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на „Транспаренси интернешнал“ (Transparency International), „Светски економски форум“ (World Economic Forum) и други меѓународни организации.
Од моментот на пристигнувањето, тимови на Министерствата за здравство и внатрешни работи и екипи на Црвениот крст се постојано ангажирани за да им помогнат на овие граѓани, кои беа животно загрозени од талибанските структури, да се чувствуваат безбедно и пријатно во Северна Македонија.

Волонтери на Црвениот крст им поделија пакети со вода, заштитна маска, средство за дезинфекција, маски, основни хигиенски производи, облека како и флаери за мерките во нашата држава поврзани со КОВИД-19 вирусот. Во хотелот им беа дистрибуирани пакети за добредојде со дополнителни количини маски, средства за дезинфекција, инфо материјали за градот Скопје, мапа на град Скопје, евидентни листови за посебни барања во однос на здравствената состојба, картички со телефони на Црвениот крст за итни состојби и кутија локум. Црвениот крст во хотелот има 30 дежурни лица, волонтери организирани во три смени кои се на располагање на граѓаните. Учествуваат во подготовка на детско катче, подготовка на инфо катче со 10 лаптопи и интернет пристап. Тие ќе се грижат за дистрибуција на дополнителни средства за хигиена, облека, обувки. Ќе бидат вклучени во активности  за спојување на семејствата, и за да пружат медицинска заштита во однос на лекови за хронична терапија. По барање и потреба на граѓаните на располагање има и психолог.

Екипи на Итната медицинска помош синоќа згрижија трудница која е однесена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Таа денеска се породи и заедно со бебето е во добра состојба. Во друг случај е укажана помош на жена која колабирала при слегување од авионот и таа е во стабилна состојба и се чувствува добро. Во текот на наредните денови заедно со ПЦР тестовите  ќе се направат и прегледите за проценка на здравствената состојба на граѓаните од Авганистан. Планирани се интернистички прегледи за повозрасните и педијатриски преглед за децата. Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.

Министерството за внатрешни работи  се грижи за безбедноста на овие луѓе, но и за подготовка на документацијата, визи за престој на територијата на Република Северна Македонија  во времетраење од 90 дена. Извршени се потребните гранични процедури и на лицата им е издадена виза за престој на територијата на Република Северна Македонија во времетраење од 90 дена. Од Аеродромот до хотел „Белви“ лицата се спроведени со потребното сообраќајно и ескортно обезбедување.

Институциите прават сѐ топлото добредојде, солидарноста и поддршката за спасување животи да ги следи овие луѓе за време на целиот привремен престој до заминување кон САД или трета земја како нивна крајна дестинација.

Северна Македонија покажува отворено срце, помагаме на граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан, а сега се животно загрозени од радикализмот.

Владата на Северна Македонија презеде обврска да обезбеди привремен престој на 780 граѓани на Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Трошоците за превоз до Северна Македонија и за сместување на овие граѓани ги покриваат меѓународните организации и САД.

Next Post
МИА

Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата во Софија поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk