ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на координативен состанок со директорите на училиштата: Успешно ја започнавме учебната година, да ги сочуваме училиштата безбедни за настава со физичко присуство

September 1, 2021 18:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Oсновните и средните училишта успешно ја започнаа новата учебна година со .физичко присуство, под пропишаните мерки за заштита и Протоколи. Во училиштата се обезбедени безбедни услови, а состојбата се менаџира на дневно ниво. Генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот. Ова го истакнаа директорите на основните и на средните училишта попладнево, на редовeн координативен состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска.

„ Би сакала да ви честитам на сите за максималниот ангажман за успешниот почеток и да продолжиме да работиме со истата посветеност и ентузијазам понатаму. Целта ни е заедничка, а тоа е квалитетно и современо образование за секое дете. Посакувам наставата со физичко присуство да ја задржиме колку што можеме подолго, а тоа ќе зависи од одговорното однесување на сите нас, на учениците, наставно – техничкиот кадар и родителите. Сите ние видовме колку е важно да се биде во училница, затоа апелирам на доследно почитување на протоколите.“, рече министерката Царовска.

Министерката посочи дека образовниот систем е подготвен со уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба, за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести. На состанокот се разговараше и за стартот на имплементацијата на реформските процеси, од оваа учебна година во прво и четврто одделение. Директорите ја информираа министерката дека ги имаат обезбедено сите потребни дидактички материјали, нагледни средства, таблети и интерактивни табли кои се предвидени со новата наставна програма. Исто така, започнува спуштањето на дигиталните учебници до учениците од четврто одделение, а на првачињата веќе им се делат учебниците. Учебници добија и учениците од другите одделенија кои ќе работат по старите наставни програми. Учебната година ја започнaa околу 187 илјади основци и 70 илјади средношколци.

Next Post

Меркел на 14 септември во Тирана на средба со лидерите на Западен Балкан

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk