Со последните одлуки на Извршниот одбор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, заедно со граѓаните, ја заокружи најдобрата кадровска понуда со која излегуваме пред граѓаните на локалните избори на 17 октомври, кажа вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Нови кандидати за градоначалници утврдени на последната седница на Извршниот одбор. Костадин Костадинов, Димче Шипинкаровски, Сашо Поцков преку своите фејсбук профили испратија пораки до гласачите.
Костадинов ветува дека „оваа значајна и огромна поддршка, што значи победа убедлива во прв круг, нема да ја изневери“.
„Цврсто верувам дека етноцентричниот концепт на овие локални избори во Струга ќе биде фрлен на буништето на историјата“, пишува во пораката на кандидатот за Градоначалник на Општина Струга Димче Шипинкаровски.
Николовски напомена дека со вкупно утврдени 69 кандидати кои се дел од најдоброто на СДСМ ќе се бара довербата од граѓаните и дека патртијата со овој избор има силна, јасна победа на локалните избори.
-Забележувате, најдобара понуда на СДСМ има докажани и успешни досегашни градоначалници, но има и многу нови имиња, правиме освежување и внесуваме нова енергија, дел од актуелните градоначалници секако ќе се најдат на нови позиции и на нови одговорности во централната власт и на други позциии на централно или локално ниво, кажа Николовски.