ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Советот за развој на пазарот на капитал усвои концепт за подготовка на Стратегијата за либерализација и развој на финансиските пазари

September 1, 2021 16:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари и прашањето околу регулацијата на употреба на криптосредствата беа главните теми на кои се дискутираше на денешната седница на Советот за развој на пазар на капитал, со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ, велат од Министерството за финансии.

Оттаму истакнуваат дека целта е подигнување на улогата и значењето на пазарот на капитал, либерализација на финансиските пазари, како и зголемување на придонесот на пазарите на хартии од вредност во растот на БДП. Додека активностите и мерките се насочени кон домаќинствата, компаниите, институционални инвеститори, инфраструктура и банки.

На денешната седница бил усвоен концептот за подготовка на Стратегијата за либерализација и се дале насоки на работната група за продолжување на активностите за финализирање на Стратегијата. Истата се очекува да биде финализирана до крајот на оваа година.

Стратегијата ќе дефинира рокови, носители на активностите и очекувани документи кои се однесуваат на посебните мерки, како и акциски план за нејзино спроведување.

На седницата било отворено и прашањето за потребата од регулирање на виртуелните средствата, познати како криптовалути. Пред членовите на Советот биле претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто – средства

-Некои држави имаат донесено законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам, велат од Министерството за финансии.

Ова е втора седница на Советот, кој ги интензивира активностите, а чија цел е да даде придонес во изнаоѓање вистински решенија за натамошен раст и развој на пазарот на капитал преку заеднички напори и меѓусебна размена на искуства и идеи.

Совет за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје и претставник на стопанските комори.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Демначот на Радукану се обиде да купи билети за Вимблдон 2025 година

June 18, 2025

Филипче: Мицкоски призна дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“

June 18, 2025

Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Како аналитиката го убеди Клоп да го одбере Салах пред Брант за дресот на Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk