ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена првата билингвална паралелка на италијански јазик во нашата земја

September 1, 2021 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

За првпат во нашата држава од оваа учебна година во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје почнува со работа билингвална паралелка на италијански јазик, каде учениците италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик.


Министерката за образование и наука Мила Царовска, по посетата на средното училиште „Никола Карев“ во Скопје на почетокот на новата учебна година, им го честита стартот на учебната година со физичко присуство на сите ученици од нашата држава и изрази чест што присуствува на отворањето на првата италијанска паралелка.

– Навистина ми е драго што денеска, на 1 септември можеме да објавиме отворање на нова паралелка, билингвална на италијански јазик, за првпат во историјата на нашата држава, изјави Царовска.

Директорот на „Никола Карев“, Андреј Манолев, порача дека учениците од новата паралелка, италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и тоа два часа редовен и четири часа дополнителен корикулум.

– Ќе се изучува културата, книжевноста, уметноста и историјата. Учениците на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик, што многу лесно ќе им овозможи да се запишувата на некој од универзитетите во Република Италија, изјави Манолев.

Градоначалникот Петре Шилегов, посочи дека во италијанската паралелка, годинава се запишани 23 ученици во прва година, кои наставата ќе ја посетуваат во две смени.

– Голема благодарност до директорот на гимназијата, министерката за образование, Амбасадата на Република Италија, кои заедно со Градот Скопје овозможивме да внесеме новина во средното образование, на нашите ученици, порача Шилегов.

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, порача дека има зголемен интерес за изучување на италијанскиот јазик и култура во нашата земја.

– Во 2018 година Владата донесе закон со кој се овозможува италијанскиот јазик да се изучува во примарно учичиште, што е многу важно. Денес има речиси 2.000 ученици во примарните и секундарни училишта низ целата земја. Важно е дека има интерес и од учениците и од родителите, изјави Силвестри.

Остануваме, порача Силвестри, блиски партнери на Северна Македонија, како економски и политички, така и културно.

извор: МИА

Next Post

Влада: Луѓето од Авганистан се на привремен престој, со овој гест земјата учествува во една голема светска хуманитарна операција

НАЈНОВО

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk