Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.
Претседателот на Владата Зоран Заев потенцираше дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.
Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето.
Двајцата соговорници на средбата, премиерот Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Пахор, истакнаа дека Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија и дека словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение.