ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Ги надминавме проблемите, интензиво се гради експресниот пат Градско-Прилеп

September 2, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Експресниот пат Градско – Прилеп е приоритет за Владата и има големо економско и социјално значење за целиот регион, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на претпријатието за Државни патишта Ејуп Рустеми денеска извши увид на работите на делницата Дреново-Фариш.

На екепресниот пат Градско-Прилеп досега  се изградени по 35 отсто од двете делници Градско – Дреново и Дреново – Фариш, а патот во вредност од 64 милиона евра ќе биде готов до јули 2023.

Според Бочварски, надминати се сите проблеми со изградбата.

-На втората делница од Дреново до Фаришката клисура бележиме засилени градежни работи за доизградба на овој патен правец. Во соработка со ЈП за државни патишта успеавме да ги надминеме сите проблеми и сега имаме чиста траса на која во наредниот период очекуваме да има силна градежна активност. Вредноста за изградба на оваа делница е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти а сега новиот изведувач компанијата „Синохидро“ има обврска да го доизгради преостанатиот дел.  Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано, пред рокот. Ме охрабрува фактот што и првата делница од Градско до Дреново, изведувачот работи со макисмално темпо, така да очекувам овој експресен пат да биде финиширан средината на 2023 година, изјави Бочварски.

Активно се работи на подготовка на тендерската  документација и за третата делница од селото Беловодица до каменоломот Маврово и проширувањето со по уште една лента во двата правцц на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Бочварски очекува до крај на годинава да се распишеме јавен повик за изградба.

-Во меѓувреме започнуваме и со рехабилитација на третата лента на Плетвар. Преку ЈП за одржување на магистрални и регионални патшта, се реконструира потегот од мостот на Ленишка река до влезот во Прилеп, рече Бочварски.

Дирекоторот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласува дека овој пат е еден од најзначајните патни правци во државава, каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Интензивни се активностите на делницата Дреново-Фариш.

-Оваа делница во должина од 10,2 километри за која се издвоени 33,3 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР, ја презеде „Синохидро“, а надзор е „Геинг“ и очекуваме поголем ангажман во започнатата изградба. Во моментов се изведуваат припремни работи, односно пристапни патишта,  механичарски и армирачки работилници и технички постројки. Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. Пет километри се со асфалтна платформа од 12,4 метри што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 километри се со платформа од 17 метри што одговара на автопат со намалена ширина, рече Рустеми.

Тој посочи дека на само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек  на локалниот пат со клучкакај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор,

Изградбата на првата делница Градско – Дреново ја презема компанија Штрабаг, која интензивно работи, а Надзорот е доверен на ЕГИС.

-Започнавме и со рехабилитација на патниот правец Фаришка клисура–Прилеп, превој Плетвар, во должина од 19 км и вредност од 5,6 милиони евра со што значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10, изјави Рустеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk