ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се одржа јавна расправа согласно Нацрт одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје

September 2, 2021 17:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На јавната расправа за Нацрт одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје, која Министерството за животна средина и просторно планирање ја одржа во соработка со општините Берово и Пехчево, беше презентирана Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Малешевските Планини и Влаина” во категоријата Заштитен предел од страна на претставниците од Македонското еколошко друштво (МЕД), изработувач на Судијата, како и текот на Постапката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје,  од страна на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како носител на реализатор на Иницијативата.

– Малешевскиот регион изобилува со природни убавини, биодиверзитет и геодиверзитет. Се надевам дека оваа јавна расправа ќе овозможи поддршка од сите засегнати страни, особено на локалните чинители, во процесот на прогласување на Малешево за заштитено подрачје, што е во интерес и на луѓето и на природата – изјави во своето воведно обраќање државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Каја Шукова.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, изјави дека со прогласување на Малешево за заштитен предел ќе се овозможи контролирано искористување на шумите, развој на локалната економија и туризмот во овој регион.  Според градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, Општините Берово и Пехчево заеднички работеа на овој проект, со цел да се помогне во брендирање на локалните производи и на развојот на туризмот, но воедно и да се заштити и биолошката разновидност.

Маре Басова, помошник директорот во ЈП Национални Шуми – управителот на потенцијалното заштитено подрачје Малешево, објасни дека управувањето ќе се врши интегрирано, со тело за управување и научен совет, се со цел заеднички да се носат одлуките. „Да ја заштитиме природата и да ја оставиме за идните генерации“ рече Басова.

Професорот Славчо Христовски ја елаборираше Студијата за валоризација, осврнувајќи се на важните локалитети и биолошката разновидност. Потоа, Сашко Јорданов од МЖСПП го објасни процесот на прогласувањето на заштитено подрачје со што локалитетот станува природно наследство. Тој изјави дека „со јавната расправа се овозможува транспарентно учество на јавноста, по која во рок од 10 работни дена сите заинтересирани можат да достават забелешки до МСЖПП на нејзината веб страна или адреса. По разгледување на сите добиени предлози и забелешки МЖСПП изработува Предлог одлука која заедно со извештајот од јавната расправа се доставува до Владата на Република Северна Македонија на разгледување и усвојување. Потоа Малешево ќе може да биде прогласено за заштитен предел од V категорија.“

Подрачјето Малешево е предложено за заштита во категорија V- заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности и природни убавини. Доколку се усвои Предлог одлуката, Мaлешево ќе стане третото подрачје кое е заштитено во оваа категорија. Предлогот се заснова на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел „Малешево“, изработено од Програмата за зачувување на природата.

Јавната расправа се одржа во рамки на кампањата за прогласување на Малешево за заштитен предел во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) а во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево.

Реализација на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Next Post

Шахпаска: Социјалните претпријатија креираат одржливи општествени решенија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk