ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ах, тој Рама!

September 3, 2021 08:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛ МЕДИА

Еди Рама не е „обичен“ политичар. Не само затоа што по професија, а и по вокација, е сликар, писател, филмаџија, поранешен кошаркар и публицист кој во политиката влезе малку случајно, малку од инает и тврдоглавост, а најмногу со цел „да го промени светот“ – што не престанува да го прави од 1998 година, кога по покана на Фатос Нано ќе се врати од Париз (кога илјадници други бегаа од Албанија!) и ќе стане министер за култура во неговата влада, а потоа од 2000 до 2011 година и прославен градоначалник на некогашниот „балкански Кандахар“, како што самиот ја нарекуваше денешната живописна медитеранска Тирана, па и претседател на Нановата Социјалистичка партија и, последниве скоро десетина години, премиер на владите на нашиот западен сосед – туку и затоа што поседува харизма која извира од неговиот реален интелектуален капацитет, толку ретка за балканските простори каде обично владеат итри партиски и бизнис апаратчици со вештини за преживување што често се зад границите на демократските и политичките пристојности. „Тепано (политичко) куче“ е Рама токму од таквите свои конкуренти – патем, во неговата биографија врз него има и неколку физички напади – оти да излезеш на крај со политичко-криминалните кланови на Нано и Бериша во Албанија е како да освоиш олимписко злато во пливање со две врзани раце, без помош на пераи.

Претпоставувам дека на Едиевата работна маса и денеска има фломастери во разни бои со кои шара по државните документи пред да ги потпише, „бидејќи тоа го прави смирен и ангажиран“ („Њујоркер“). За него е речено дека, ако некогаш му биде потребен политички азил, попрво ќе го добие во некоја уметничка колонија во Калифорнија или на Алпите и Андите, можеби и во лондонскиот уметнички кварт во близина на Олимпискиот парк, отколку во некоја државна вила во Женева или Минхен.

Зборот ми е, не носи човекот спортски патики и тренерки/шалвари под сакото на државни средби во Брисел затоа што сака некого или нешто да испровоцира, па макар и внимание – туку затоа што изворно е таков. Ако ви чини!

Тој „драјв“ го има и во политичките настапи, во реториката, директно и без калкулации: замислете ја шокираноста на класичниот бугарски политички апаратчик Румен Радев онаа вечер на Блед, кога Рама „на отворена сцена“ практично ги замоли бугарските политичари да престанат да изигруваат „поголеми католици од Папата“ во ЕУ, да се свртат и кон сопствените интереси на Балканот и „да го отворат патот за преговори“ на Брисел со Македонија и Албанија – и го собра аплаузот не само на Форумот на Блед, туку и на целиот Балкан, вклучувајќи ја и Бугарија.

Впрочем, звучи неверојатно, но Вучиќ – велемајсторот за сопствена политичка промоција во сопствената српска медиумска империја – единствено од Рама се плаши дека ќе му ги собере медиумските рефлектори кога некаде настапуваат заедно.

Во политиката, по правило, харизмата на политичарите е важен, често и опасен фактор за политичко делување… (Мала дигресија: Познато е искреното пријателство и соработката помеѓу Обама и Меркел кое се разви во двата мандати на тој американски претседател, до таму што последната државна средба на Обама беше токму со Меркел, за јасно секому да стави до знаење кому му ја препушта „палката“ на штафетата на либералната демократија во светот – токму Обама ја убедувал Меркел таа повеќе да се појавува во јавност, низ медиуми и настапи, за почесто да се чујат нејзините влијателни ставови, на што Меркел пријателски проникливо му возвратила: „Драг мој Барак, не верувам дека светот е подготвен за нов харизматичен лидер на Германија!“)… Елем, на Балканот му требаат демократски, харизматични лидери – како и лидери кои знаат да испорачаат, како нашиов Заев! – кои можат да го привлечат макар европското внимание во преполните политички, безбедносни и економски агенди на „моќните“ главни градови за виталните интереси, за „душата и телото“ на регионот.

Еди Рама е таков балкански политичар, со сите ризици на повремените контроверзи што го следат. Изгледа шашаво, ама делува, како космодиск (што велеше еден наш поранешен политичар со харизма, а и резултати, на смрзната харинга). Неговата екстраваганција може да ви се допаѓа или не – но, врши работа таму каде други методи не проаѓаат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Смарт паркинг кај Зоолошка градина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk