ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини на Светскиот конгрес за конзервација: Реставрација на екосистемите и одржливиот развој на локалното население се нашиот приоритет

September 4, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Насер Нуредини во рамки на Светскиот конгрес на Светската унија за конзервација на природата (IUCN), денеска учествуваше како панелист во сесијата посветена на решенија базирани на природата за климатските промени, заедно со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово Либурн Алиу, заменик министерката за туризам и животна средина на Албанија Орнела Чучи, Наиг Козанет од Француската агенција за развој, како и регионалниот директор на Светската унија за козервација на природата Борис Ерг.

Во своето обраќање тој го презентираше националниот напредок во зачувување на природата, со прогласувањето на новите заштитени подрачја, а посебно Осоговските Планини и националниот парк Шар Планина, со што уделот на заштитени подрачја порасна од 8,9% на 13, 3% од територијата на Република Северна Македонија.

Истовремено тој ги истакна напорите за одржлив развој на заштитените подрачја, изнаоѓањето на соодветен начин на нивно управување за обезбедување на балансирана интеракција на човекот со природата и обезбедувањето на соодветните екосистемски услуги.

„Прашањата на зачувување на биодиверзитетот, митигацијата на климатските промени и адаптацијата кон нив се испреплетени и наш приоритет, како земја ранлива на климатските промени, за што бевме сведоци за време на шумските пожари летово. Наш приоритет е реставрацијата на екосистемите и обезбедување на истовремен зелен развој на локалното население“ истакна Нуредини.

Претставниците на трите соседни земји изразија подготвеност за засилување на прекуграничната соработка за заштита на природата, со посебен фокус на климатските промени, особено во Охридскиот регион и Шар Планинскиот планински масив. #ADAPT #IUCNCongress.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

July 16, 2025

ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат

July 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Францускиот долг расте за 5.000 евра секоја секунда

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласот на Бранка Станковска повторно се слуша – благодарение на македонскиот стартап „Tytl“ и вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk