ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Државите со сојузници ќе одат напред, детално испитување и проверка на сите дипломати, бледиот интелигент и тапиот простак…

September 4, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС

Бледиот интелигент и тапиот простак… Полошо, сто пати полошо, е кога бледиот интелигент ќе налета на тап простак – под услов да снемаат младост – таа средба да се случи во взаемна возрасно-човечка одвратност каква никогаш нема да почувствуваш со лавот кој те јаде; да биде избањата во физичкото процветување; и да мораш тој човек да го поднесуваш заедно со самиот себе, во таа невкусност, во сосот на таа идиосинкразија, во проклетството на таа карикатура….пишува колумнистот Бранко Тричковски.

Османи најави ветинг– Ќе се врши детално испитување на сите дипломати. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија вчера потврди дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август годинава.

Шекеринска: Историјата е многу јасна – државите кои имаат сојузници ќе одат напред. Сега како членка на Алијансата, ја имаме моќта да влијаеме на нејзината политика кон нашиот регион, но и пошироко, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното предавање пред слушателите на Школата за политики која е дел од Претседателскиот центар за политичко образование.

ДУИ најавува изборна победа, официјализираше 17 кандидати за градоначалници. Кандидат на ДУИ во Студеничане ќе биде Ејуп Абази, во Чашка – Суат Шаќири, во Дебар -Хекуран Дука, во Липково – Еркан Арифи, во Врапчиште – Неби Реџепи, во Струга – Рамиз Мерко, во Желино – Фатмир Изаири, во Боговиње – Бесник Емшиу, во Теарце – Нухи Незири, во Пласница – Али Јаоски, во Брвеница – Аркин Јахии, во Сарај – Блерим Беџети, во Чаир – Висар Ганиу, во Кичево – Фатмир Дехари, во Гостивар – Невзат Бејта, во Тетово – Теута Арифи и во Арачиново – Ридван Ибрахими.

Заев и Николовски: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства е признание за енергетските политики на Владата.

Болниците се оптоварени со невакцинирани пациенти, вели Филипче. Секојдневно имаме состанок со сите раководители на институции каде што се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника, на интерните клиники, на Институтот за ТБЦ и во Козле. За жал, се невакцинирани луѓе. За жал генерално многу касно доаѓаат пациентите и тоа го констатиравме неколку пати наназад, рече Филипче.

Испитувањата одат во насока дека најверојатно трета доза вакцина за Ковид-19 ќе биде потребна, информира Филипче. Не треба да има сомнеж. Сите вакцини се безбедни и тоа е докажано и од нашето искуство. Мали некои несакани ефекти коишто се типични генерално за вакцините – црвенило итн., освен онаа компликација што ја имаше една мала девојка која што е опишана во литературата, меѓутоа и таа помина добро. Значи, вакцините се безбедни, направени се на безбедни платформи, така што вакцинацијата е единствениот процес којшто ќе го спаси светот од оваа пандемија, нагласи Филипче.

Бочварски: Пописот е клучен за развојот на општините и урбанистичкото планирање. Тоа ќе му треба и на градоначалникот и на општината, да знаеме колку проекти, колку приоритети има, колку улици има, колку жители живеат во одредена населба, за да може да се реализираат и тие проекти и тие приоритети на граѓаните. Така што пописот е операција, којашто е потребна и за во земјоделието и за урбанизмот и за сите останати потреби и ресори во државата, вели Бочварски.

Филипче: Дотраените бараки ги заменуваме со нови модерни амбуланти. Со проектот за енергетска ефикасност на територија на Град Скопје опфатени се деветте амбуланти во населбите Бутел, Влае, Ѓорче Петров 2, Тафталиџе, Козле, Лисиче, Аеродром, Автокоманда и амбуланта Карпош, но за првпат предвидува поставување на нов објект на територија на општина Кисела Вода.

Царовска со синот Давид на гроздобер…Прекрасно саботно попладне поминато во дружење со синот Давид на лозјата во Барово. Задоволство беше да се учествува на дипломатскиот гроздобер 2021 година организиран од ,,Тиквеш’’, напиша министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот Фејсбук профил.

Мицкоски да ги осуди протестите на кои лекарите беа навредувани, велат од СДСМ.

 И. Т. З. 
Next Post

Симовски: Тие што агитираат да не се отвори врата, го прават тоа за политички поени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk