ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потребно итно професионализирање на дипломатската служба, порача Советот на амбасадори во реакцијата за приведениот дипломат

September 5, 2021 13:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Советот на амбасадори денеска излезе со реакција во врска со приведениот македонски дипломат на границата со Србија, при што наведе дека во име на професионалните и етички стандарди и критериуми, ја изразува својата разочараност во врска со информацијата за меѓународната истрага врз дипломат од МНР и други лица кои во моментов не се во активна дипломатска служба.

-Како Здружение на граѓани кое во својот состав вклучува поранешни угледни дипломати од највисок ранг, Советот на амбасадори укажува дека оваа нерешена загатка кај македонската инертна и нереформирана дипломатска служба, не оди во прилог на меѓународниот углед на нашата држава, дури, дополнително го оптоварува и нашиот интегративен процес во ЕУ, се наведува во реакцијата.

Советот на амбасадори потенцира дека постојано укажува на обврската на македонското МНР (што со години се одолговлекува) дека единствен начин дипломатската служба успешно да придонесува во позитивните активности за подобро позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, е таа во брз рок да се професионализира и да се осовремени во нејзиното работење според меѓународните стандарди.

-Советот на амбасадори смета дека и за носителите на врвните функции во македонското МНР и во надлежните институции на државата, ако се потврди дека Министерството и институциите не реагирале професионално и навремено во аферата со македонскиот дипломат и издадената меѓународна потерница од Ерменија, ова е сериозен морален и етички предизвик за нив пред судот на јавноста, се додава во реакцијата./МИА/.

Next Post

Истрага на грчкото Обвинителство за десетици фиктивни вакцинации во болница во Кардица

НАЈНОВО

Фон дер Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

August 23, 2025
Фото: ВИ

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk